Почитувани Потрошувачи,
Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.
Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на МАРАБЕЛА , значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.
1. Политика за Приватност
Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на МАРАБЕЛА, која е детално опишана во делот насловен: “Информации за испорака”, потребно е МАРАБЕЛА да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на МАРАБЕЛА, за наведената цел.
Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка.Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки.
Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, МАРАБЕЛА да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.
МАРАБЕЛА ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење.
Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.
За сите барања и додатни информации Ве молиме контактирајте нè на contact@marabellaofficial.com или на 078/897-664.
2. Достава
Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е 1-3 работни дена.
Цената на доставата за територија на цела Република С. Македонија изнесува 100денари до база што значи дека самите ке бидете обврзани да си ја подигнете нарачката ,130денари доколку сакате доставата да биде извршена до адресата која ке ни ја наведете.
Трошокот на испорака го плаќа самиот купувач. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за достава на пратката,пратката се враќа назад со што добивате забрана за било каква порачка во иднина од нашата продавница. Доколку е потребна замена на производот , трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. Марабелла ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на боја или модел.
3. Право на рекламација
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.
Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, моделот, бојата или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 078/897-664 или на нашата електронска адреса contact@marabellaofficial и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
4. Достава на производ со недостатоци
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара: - бесплатно отстранување на недостатоците,замена на истиот со друг производ по избор на самиот купувач или крајно раскинување на договорот, враќање на платениот износ.
Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда, a МАРАБЕЛА е должна да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на производот.
5. Замена на производ
Доколку е потребна замена на производот кој бил соодветно испорачан од страна на МАРАБЕЛА, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. МАРАБЕЛА ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на модел. Замената се прави преку креирање нова нарачка, во чија забелешка посочувате дека станува збор за замена. Најавата за замена во курирската служба е обврска на МАРАБЕЛА. Откако производот биде вратен во МАРАБЕЛА и се утврди дека не бил употребуван, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, ќе ви биде пратен новиот производ. Клиентот може да направи замена на големина или замена на модел. Доколку цената на новиот артикал е повисока, клиентот ќе ја доплати разликата.
6. Промена на Политиката за приватност и Условите на користење
МАРАБЕЛА го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.
7. Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страницата на МАРАБЕЛА и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
МАРАБЕЛА ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. МАРАБЕЛА не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
8. Политика и услови на доставување на производ и услуга
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку БРЗА ПРАТКА ДООЕЛ на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. МАРАБЕЛА настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 078/897-664. Плаќањето на производите може да биде само во готово при преземање од курирската служба.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
9. Гаранции и одговорности
МАРАБЕЛА ја управува страницата https://marabellaofficial.com. Така, МАРАБЕЛА гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, МАРАБЕЛА не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.
Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.